СТУДИСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БИЗНИС, ЈАВНИОТ И НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ВАРДАРСКИОТ, ИСТОЧНИОТ И ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

   

➤ АКТУЕЛНО (09.11.2017)
👁 Прочитано: 414


СТУДИСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БИЗНИС, ЈАВНИОТ И НЕВЛАДИНИОТ  СЕКТОР ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ВАРДАРСКИОТ, ИСТОЧНИОТ И ЈУГОИСТОЧНИОТ  ПЛАНСКИ РЕГИОН

Во Регионалната комора се седиште во Велес на 8.11.2017 година, во организација на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, се реализира студиска посета на  20 претставници од бизнис, јавниот и невладиниот сектор од Република Косово. Пред гостите, Вардарскиот плански регион го претстави Марко Колев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

 

Оваа студиска посета се реализира во рамките на Проектот „Организирање на студиски посети во соседен регион“, како дел од иницијативата за подобрување на капацитетите на организациите за поддршка на бизнис секторот во партнерските општини. Студиската посета беше организирана и финансиски поддржана од „МАЛАСИ“ -  Центар за поддршка на бизнис секторот, во соработка со Фондацијата за одржлиив економски развој – „ПРЕДА плус“ - Косово.

На средбата беа презентирани Канцеларијата на Вардарскиот плански регион и нејзиното досегашно работење, поддршката што ја дава на бизнис секторот во регионот, како и Стопанската комора на Македонија, од страна на Ирена Жарова од Регионалната  комора со седиште во Велес.

Претставниците од Косово го поздравија овој начин на размена на искуства и меѓусебно поврзување во рамките на Проектот, а воедно изразија надеж за идна подобра соработка. Делегацијата од Косово имаше можност да го збогати своето искуство преку посета на три плански региони -  Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот регион.

Ирена Жарова