ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА СЕ СТЕКНАА СО ПРАВО ЗА ДОБИВАЊЕ МЕРОДАВЕН ТЕХНИЧКИ РЕЗУЛТАТ ПО ИЗДАДЕНИ ПОЛИСИ ЗА АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ И ЗЕЛЕНА КАРТА
➢ Актуелно (29.06.2017)
👁 Прочитано: 122



ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА СЕ СТЕКНАА СО ПРАВО ЗА ДОБИВАЊЕ МЕРОДАВЕН ТЕХНИЧКИ РЕЗУЛТАТ ПО ИЗДАДЕНИ ПОЛИСИ ЗА АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ И ЗЕЛЕНА КАРТА

По барање на членките на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија, осигурително-брокерските друштва се стекнаа со право за добивање меродавен технички резултат по издадени полиси за автомобилска одговорност и зелена карта.

Досегашната пракса на добивање на извештајот од осигурителните компании не се покажа како ефикасен начин на работа и истата негативно влијаеше врз професионалноста на осигурително-брокерските друштва и штетно се одразуваше врз клиентите.

За таа цел, а во насока на продолжување на соработката помеѓу Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија и Националното биро за осигурување е усвоено Барањето на Асоцијацијата за добивање на извештајот.

Овој извештај е од големо значење за изработка на веродостојна анализа за висината на премијата, како и за подготовка на соодветна тендерска документација, со премија која е во согласност со законската регулатива.

На седницата одржана на 28 јуни 2017 година, членките на Асоцијацијата ги разгледаат процедурите за поднесување на барање, пресметка и примена на меродавен технички резултат согласно важечката тарифа за осигурување А/О од Централниот систем на а/о полиси, зелени карти и штети и дадоа свое мислење по однос на истите.

Со доставување на извештај за меродавен технички резултат до осигурително-брокерските друштва, приватните правни субјекти кои имаат возила осигурани во повеќе осигурителни друштва ќе добијат веродостојна информација за основот на кој им се зголемила премијата, односно за кое возило, кога и во која земја е настаната штета.

 

Ивона Каранфиловска