КОМПАНИЈАТА „РАДЕ КОНЧАР – ТЕП“ ОД СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ШАМПИОН на Европските бизнис награди (European Business Awards - EBA), најголемиот бизнис натпревар во Европа
➢ Актуелно (07.09.2016)
👁 Прочитано: 2712




КОМПАНИЈАТА „РАДЕ КОНЧАР – ТЕП“ ОД СКОПЈЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ШАМПИОН на Европските бизнис награди (European Business Awards - EBA), најголемиот бизнис натпревар во ЕвропаКликни за повеќе

Од Европските бизнис награди (European Business Awards – EBA) компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ - Скопје, членка и ПОКРОВИТЕЛ на Стопанската комора на Македонија, е прогласена за Национален шампион.

Предводена од м-р Горан Антевски, компанијата се занимава со производство на електромотори, генератори, трансформатори, апарати за дистрибуција и контрола на електрична енергија и др.
 
М-р Горан Антевски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

„Раде Кончар - ТЕП“ е водечка компанија во светот на металната и електроиндустријата во Македонија и на Балканот. Таа е дел од брендот „Раде Кончар", со 65-годишна традиција. Својот развој компанијата го насочува во   иновации на нови производи, иновации во процесот на производството,  иновации во работењето  и сл. Успехот на компанијата се должи на стручноста и усогласувањето со барањата на пазарот, постојано следење на светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на понудата.

Еден од најголемите вредности е квалитетот на производите. „Раде Кончар – ТЕП“ поседува сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001: 2008; сертификат за управување со животната средина ISO 14001: 2004; сертификат за добро корпоративно управување, а за својата работа има добиено и бројни признанија и награди. Компанијата постојано инвестира во истражување и развој, со цел изнаоѓање најдобри решенија за секоја побарувачка на своите клиенти.

„Раде Кончар - ТЕП“ има високо развиен однос со своите клиенти, во размена на технички информации, односи врз основа на взаемна доверба и посветеност на работата, соработката... Врз основа на тоа, „Раде Кончар – ТЕП“  секојдневно ја зајакнува и ја проширува својата позиција на глобалниот пазар како сигурен партнер кој може да обезбеди флексибилни решенија, пласирање на инвентивни и иновативни проекти кои ги следат светските трендови.

Во рамките на Стопанската комора на Македонија, компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ е членка на Здружението на металната и електроиндустријата, на Регионалната комора со седиште во Скопје, Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Македонската асоцијација на металите (МАМ) и на Групацијата за електроиндустрија.