Обука и инфо-сесија – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ и „СПИН ОФ“

   

➤ АКТУЕЛНО (29.06.2016)
👁 Прочитано: 434


Обука и инфо-сесија – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ и „СПИН ОФ“

Бизнис центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион, во соработка со Регионалната комора со седиште во Велес при   Стопанската комора на Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој, организираа Инфо-сесија и обука за повикот за ЕУ-инструментот: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин оф“ (29 јуни 2016 година).

Начинот и постапката на аплицирање подетално ја објаснија Катарина Кречева, советник во  Одделението за подготовка на програми при Фондот за иновации и технолошки развој и Никола Клопчевски, виш советник во Одделението за финансии и сметководство при Фондот за иновации и технолошки развој.

За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог-проект.

На настанот присуствуваа дваесетина претставници од бизнис-заедницата од Велес и од регионот.

Ирена Жарова
Регионална комора со седиште во Велес