Регионална комора се седиште во Велес - ПОДДРШКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДУАЛЕН СИСТЕМ ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

   

➤ АКТУЕЛНО (06.05.2016)
👁 Прочитано: 405


Регионална  комора се седиште во Велес - ПОДДРШКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДУАЛЕН СИСТЕМ ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Регионалната комора се седиште во Велес одржа редовна седница на 5.5.2016 година. На седницата беа присутни околу 25 фирми-членки на Регионалната комора со седиште во Велес.

На седницата беше презентирана Предлог-програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Велес. Предлог-програмата пред присутните ја презентираше Ирена Жарова, координатор во Регионалната комора со седиште во Велес. 

Пред присутните стопанственици беше направена и презентацијата на тема: „Обезбедување стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнисот – воведување дуален систем во средното стручно образование“. Сите стопанственици ја поздравија оваа иницијатива и предложија нејзино што побрзо остварување.

На седницата свое излагање имаше и Љупка И. Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, која ги презентираше новите законски решенија кои се донесени со новиот Закон за извршување и Законот за нотаријат за бизнис-заедницата. Притоа беше истакнато подобрувањето на можностите за вклучување на бизнис-заедницата во процесот на проценка на влијанието на регулативата.

Ирена Жарова