Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, со соработниците, присуствуваше на отворањето на македонска инвестиција во Република Србија - „СМЕЛТИНГ“ СО ФАБРИКА ВО ВЛАДИЧИН ХАН

   

➤ АКТУЕЛНО (08.04.2016)
👁 Прочитано: 424


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, со соработниците, присуствуваше на отворањето на македонска инвестиција во  Република Србија -  „СМЕЛТИНГ“ СО ФАБРИКА ВО ВЛАДИЧИН ХАН

Претседателот на Владата на Република Србија Александар Вучиќ, на 7.4.2016 година, реализираше работна посета на „Смелтинг“ - Владичин Хан. Компанијата „Смелтинг“ - Владичин Хан, која е македонска инвестиција, се протега на површина од 4.300 м2 производствен дел и вкупна површина од 8.600 м2. Во моментот, оваа компанија има вкупно 13  вработени, но планирани се 60 вработувања до крајот на годинава.

Инаку, оваа компанија се занимава со производство на полиестерски и метални ормари, трафостаници, трансформатори, алу-челично јаже, НН табли и друго.

На отворањето на оваа фабрика присуствуваа и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, извршниот директор на Комората д-р Јелисавета Георгиева, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, како и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Ѓеорѓи Чадиев.

Д-р Јелисавета Георгиева