Во Стопанската комора на Македонија се одржа обука на заинтересираните компании од Регионалната комора со седиште во Скопје за ENTERPRISE EUROPE NETWORK - Европската мрежа за бизнис-можности (3.12.2015 година).

Со оваа обука на компаниите, запознавајќи ги со Европската мрежа за бизнис- можностите, со нејзината структура, организација и субјектите кои се вклучени во неа, им се овозможува да ги откријат и можностите што таа ги нуди на секој корисник.

Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис-можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Во прв ред, тоа се однесува на услуги за сеопфатно информирање со широк спектар на прашања, можностите на единствениот европски пазар од една стана, но и надминување на пречките со кои се среќаваат македонските претприемачи, понатаму организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање бизнис-партнери во Европската унија, регионот и пошироко, стручни совети за достапните извори на финансирање и друго.
Мрежата почна со работа во јануари 2008 година и денес истата обединува организации за поддршка на работењето на претпријатија од 45 различни земји. Тие се поврзани преку моќни бази на податоци и добро ја познаваат Европа. Со повеќе од 570 организации-членки, услугите на ЕЕН се достапни до 25 милиони компании од ЕУ и од други земји што учествуваат во мрежата.
Компаниите кои ќе покажат интерес ќе можат да се вклучат во Мрежата и со тоа ќе можат да ги користат бенефитите од оваа Европска бизнис-мрежа, која покрај компании од Европа, вклучува компании и од други континенти.
Ванчо Спасески