Регионалната комора со седиште во Скопје расправаше за усвоените и предложени измени на законски прописи - НЕОПХОДНИ РЕШЕНИЈА ПРИФАТЛИВИ ЗА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

   

АКТУЕЛНО / 20.10.2015
👁 Прочитано: 1108


Регионалната  комора со седиште во Скопје  расправаше за усвоените и предложени измени на законски прописи  - НЕОПХОДНИ РЕШЕНИЈА ПРИФАТЛИВИ ЗА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА

      Регионалната комора со седиште во Скопје на седницата што се одржа на 20.10.2015 година расправаше за  усвоените и предложени измени на законски прописи кои би биле од интерес за компаниите од регионот. Во рамките на тоа, беше направен осврт врз Спогодбата за изменување и дополнување  на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството,  Законот за прекршоци и  Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.


      Вовед во расправата по усвоената и предложената измена на законската регулатива даде претседателот д-р Горан Рафајловски, при што истакна дека во измените и дополнувањата на законската регулатива дел од предлозите од страна на Комората се усвоени, но се` уште постои дел кој не е прифатен. Имено, дел од измените на законските решенија кај Законот за прекршоци, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување имаат потреба од доуредување со цел да бидат прифатливи за бизнис-заедницата и токму од тие причини Регионалната комора со седиште во Скопје ќе продолжи да се заложува за нивно доуредување. На седницата се разгледа и Спогодбата за изменување и дополнување  на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се дискутираше за нејзината реална имплементација и самата постапка за имплементирање.

 


       Советникот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија,  Софче Јовановска, ја презентираше ENTERPRISE EUROPE NETWORK, Европската мрежа за бизнис-можности. Компаниите се запознаа со  структурата, организацијата, субјектите кои се вклучени, како и со можностите што ги нуди ЕЕН Мрежата за секој корисник.
      Компаниите пројавија интерес како можат да се вклучат во ЕЕН Мрежата, со цел да ги користат и бенефитите од оваа европска бизнис-мрежа која покрај компании од Европа, вклучува компании и од други континенти.


                                                                                                Ванчо Спасески