Групацијата на пазари го разгледуваше Предлог- законот за трговија на зелени пазари кој треба да влезе во владина процедура - БАРАЊЕ ЗА КОНЕЧНО СПРАВУВАЊЕ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ УЛИЧНИ ТРГОВЦИ ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ

   

АКТУЕЛНО / 14.09.2015
👁 Прочитано: 898


Групацијата на пазари го разгледуваше Предлог- законот за трговија на зелени пазари кој треба да влезе во владина процедура -  БАРАЊЕ ЗА   КОНЕЧНО СПРАВУВАЊЕ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ  УЛИЧНИ ТРГОВЦИ  ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ

      Групацијата на пазари, во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 14.9.2015 година  констатираше дека Предлог - законот за трговија на зелени пазари, кој треба да влезе во Владина процедура,  е во согласност со  нивните досегашни барања.
Сепак,  на состанокот беше предочено дека е потребно да се интервенира во допрецизирање на неколку члена, како и да се реагира во казнените одредби кои  се  многу високи.

     


      За организаторите на пазари, законското решение ќе биде само уште една потврда за нивното легално работење, но се алармира на решавање на проблемот со дивите продавачи на просторот околу зелените пазари. Тие освен што претставуваат нелегална  трговија, се и нелојална конкуренција на тезгаџиите во пазарите, кои редовно ги плаќаат давачките, а се доведува под знак прашање и квалитетот на производите и  нивното потеклото, бидејќи тие се без  гаранција.
Посебен закон за трговија на зелените пазари се подготвува веќе неколку години и неговото  усвојување треба да донесе  низа  бенефити во оваа област.

                                                                              Даниела Михајловска Василевска