ДЕФИНИРАЊЕ НА РАЗВОЈНИТЕ ЦЕЛИ - Во рамките на Македонска асоцијација на металите е конституирана Групацијата на црната, обоената металургија и леарниците
➢ Актуелно (06.04.2006)
👁 Прочитано: 678



ДЕФИНИРАЊЕ НА РАЗВОЈНИТЕ ЦЕЛИ - Во рамките на Македонска асоцијација на металите е конституирана Групацијата на црната, обоената металургија и леарниците

Во рамките на оперативно организирање на Македонската асоцијација на металите, конституирана е Групација на црната, обоената металургија и леарниците (31.3.2006). На Конститутивната седница за претседател е избран преставникот на "Макстил"- Митко Кочовски, а беа усвоени и Правилата за организација и начин  на работа на Групацијата, како и програмата за работа.

Основни цели и задачи  на Групацијата се:
 -Дефинирање на развојното  значење  на овие  индуструски гранки и конципирање национална стратегија  на нивното структурно прилагодување(обврски  по Спогодбата  за асоцијација  и стабилизација  со ЕУ);
 -Преиспитување на  постојната  легислатива;
 -Обезбедување информации за приликите  на околните  пазари;
 -Снабденоста на основните  производни импути;
 -Прашањето на енергијата;
 -Транспортот;
 -Едукација  и подигање на  степенот на  конкурентноста;
 -Други прашања од комплескот на металите во земјата .

Компексот на  метали претставува  стопански  комплементарна и заокружена технолошка целина  во сите национални економии и има стратешко значење.

Фактот што најголем дел од развојните ресурси  на Република Македонија  во минатото биле  свртени  кон овој дел од индустријата, говори за согледаните релациии, а странските вложувања  во  приватизацијата  на нејзините носечки  производни капацитети  во поново време  е само  уште  една  потврда  за нејзиното  исклучително  стопанско  значење и перепективност

Контакт: Слободан Софески
Тел  (02) 32 28 554
Факс: (02) 32 44 088
slobodan@ic.mchamber.org.mk