Стопанската комора на Македонија во соработка со Царинската управа на Р. Македонија, на 22 јули 2015 година, во Велес одржа работен состанок на тема: Примена на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка - Нов компјутеризиран транзитен систем

   

➤ АКТУЕЛНО (22.07.2015)
👁 Прочитано: 417


Стопанската комора на Македонија  во соработка со Царинската управа на Р. Македонија, на 22 јули 2015 година, во Велес  одржа работен состанок на тема: Примена на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка - Нов компјутеризиран транзитен систем

 Стопанската комора на Македонија  во соработка со Царинската управа на Р. Македонија, на 22 јули 2015 година, во Велес  одржа работен состанок на тема: Примена на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка - Нов компјутеризиран транзитен систем. Работниот состанок го отвори и водеше Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес господинот Георги Чадиев.


Претседателот на Регионалната комора во Велес  ги запозна  присутните стопанственици со придобивките кои произлегуваат од пристапувањето на Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, со која се обезбедува единствено движење на стоката во рамките на земјите-членки.


 Најпрво, свое  обраќање имаше господин Димче Аџиоски, началник на Одделение за гранични и транзитни формалности при Царинската управа, го претстави значењето на стапувањето на сила на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и како Република Македонија стана дел од меѓународната регулатива за транзит што е важечка за економските оператори од Европската Унија, ЕФТА и Турција. Со примената на оваа регулатива се поддржува бесхартиеното работење во транзитната постапка и се овозможува олеснување на трговијата и на царинските формалности, забрзување на протокот на стоки и значително намалување на трошоците во прекуграничната трговија, што секако е од интерес за компаниите.

Понатаму, тој се осврна на  придобивките за економските оператори од користењето на новиот компјутеризиран транзитен систем.  Особено ја истакна  постапката за добивање на ЕОРИ број за компаниите извозници и превозници од Република Македонија и значењето на банкарските гаранции во целокупниот транзитен систем.  За електронскиот начин и функционирањето за транзитниот систем  компаниите имаа можност да бидат информирани од Јовица Кипријановски, шеф на Службата за гранични и транзитни формалности.


Господинот Јовица Кипријановски, шеф на Служба за гранични и транзитни формалности, даде објаснување за електронскиот начин и функционирањето за транзитниот систем.
По завршувањето на официјалниот дел на презентацијата, присутните имаа можност да поставуваат пршања и да отворат дискусија во врска со темата на предавањето.


На состанокот присуствуваа околу 20-тина компании од велешкиот регион.


Подготви:
Ирена Жарова, Регионална канцеларија Велес