Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент реализираа тркалезна маса за управување со електрична енергија - ДЕСЕТ КОМПАНИИ (ЌЕ) ГИ УЖИВААТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗАШТЕДИТЕ И ЗГОЛЕМЕНАТА КОНКУРЕНТНОСТ

   

АКТУЕЛНО / 16.12.2014
👁 Прочитано: 927


Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент реализираа тркалезна маса за управување со електрична енергија - ДЕСЕТ КОМПАНИИ (ЌЕ) ГИ УЖИВААТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗАШТЕДИТЕ  И ЗГОЛЕМЕНАТА КОНКУРЕНТНОСТ

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент реализираа тркалезна маса на тема: „Зголемување на конкурентноста преку континуирано подобрување на употребата на енергија со користење на системи за мониторинг/управување со потрошувачка на енергија во индустриски компании“ (16.12.2014 година).

Енергетската ефикасност во индустријата е една од најкорисните и најисплатливи мерки за зголемување на конкурентноста на производите,  како и намалување на загадувањето на животната средина. Македонската индустрија  во изминатите години  спроведе  мерки за заштеда на енергија преку поефикасно управување со енергијата, но и покрај тоа се` уште постои простор за зголемување на енергетската ефикасност. Имплементирањето на стандарди и мерките за квалитетно управување со енергијата и намалување на потрошувачката на истата директно влијае врз намалувањето  на трошоците на работењето, помала цена на производите, а со тоа и поголема конкурентност на пазарот. 

Проектот за индустриски менаџмент се реализира од јануари 2013 година и ќе трае 3 години. Во досегашниот период се вклучени 10  македонски фирми кои добија неповратни средства, односно УСАИД донираше 50% од вкупните трошоци, но не повеќе од 20.000 американски долари по компанија. Планирано е да се вклучат вкупно 17 македонски компании.

На тркалезната маса се претставија три македонски фирми -  „Алкалоид“, „Кнауф Радика“ и „HI TECH Corporation“. Тие учествувале во проектот и ги почувствувале придобивките од имплементацијата на системи за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија.

Перо Авакумовски