Операторот на пазарот со електрична енергија - МЕПСО и Македонската енергетска асоцијација – МЕА организираа семинар за трета фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија - НАД 70.000 КОМАПАНИИ ОЧЕКУВААТ ПОНИСКИ ЦЕНИ

   

АКТУЕЛНО / 07.10.2014
👁 Прочитано: 891


Операторот на пазарот со електрична енергија - МЕПСО  и  Македонската енергетска асоцијација – МЕА  организираа семинар за трета фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија - НАД 70.000 КОМАПАНИИ ОЧЕКУВААТ ПОНИСКИ ЦЕНИ

     Операторот на пазарот со електрична енергија - МЕПСО,  како одговорен за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, во соработка со Македонската енергетска асоцијација – МЕА при Стопанската комора на Македонија, на 7.10.2014 година одржаа работилница на која пред трговците, снабдувачите и самостојните дирекните потрошувачи поврзани на електропреносниот систем беа презентирани искуствата, плановите и предизвиците во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија.

       


      Од 01.01.2015 година на слободниот пазар може да излезат сите потрошувачи на електрична енергија кои до 15 ноември 2014 година ќе изберат снабдувач и ќе склучат договор за снабдување со  него. Доколку тоа не го сторат, ќе останат да бидат снабдувани од снабдувач во краен случај по регулирани цени определени од Реулаторната комисија за енергетика на Македонија.

      


     Во третата фаза на либерализација на пазарот ќе се појават над 70.000 потрошувачи со вкупна годишна потрошувачка од најмалку 950.000 MWh. Бенефитот што ќе го добијат компаниите е намалените трошоци за електрична енергија, се претпоставува за потрошувачи приклучени на II Тарифен степен, или околу  530.000 MWh годишна потрошувачка, да имаат околу 33% просечно намалување на цената. Во делот на потрошувачи приклучени на среден напон, потрошувачи со динамична потрошувачка на електрична енергија се очекува да имаат 12 - 17% намалување на цената. Во делот на потрошувачи приклучени на I Тарифен степен, потрошувачи со големи 15-минутни пикови во потрошувачката на електрична енергија се очекува да имаат околу 26% просечно намалена цена.

     

   Според проценките на ОПЕЕ во третата фаза учеството на електрична енергија што се тргува по пазарни цени ќе порасне за 20 отсто и ќе надмине 60 отсто од целата потрошувачка на електрична енергија во земјава.

                                                                                                   Перо Авакумовски