Регионална комора со седиште во Скопје - ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОЕКТИ СОГЛАСНО ИПАРД-ПРОГРАМАТА

   

АКТУЕЛНО / 04.07.2013
👁 Прочитано: 1160


Регионална комора со седиште во Скопје - ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОЕКТИ СОГЛАСНО ИПАРД-ПРОГРАМАТА

        Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, на 14-та седница одржана на 04.07.2013 година,  ја презентираше Програмата  за користење  средства од инструментот за предпристапна помош за рурален развој на Европската Унија /ИПАРД/ за период 2007-2013 годинаа.

          На седницата со која претседаваше  Д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје, присуствуваа и претставници на фирми од Регионалната комора со седиште во Велес.

           Виктор Младеновски, претставник на Телото за управување со ИПАРД програмата посебно се задржа на следните компоненти Мерка 101-  која се однесува за инвестиции во земјоделското производство во делот на овошни и лозови насади, производство на зеленчук, одгледување на животни за производство на млеко и месо.

             Мерка 103- која се однесува на преработки и маркетинг во земјоделството со цел за преструктурирање и надградба според стандардите на Европската Унија, а се однесуваат на производство на вино, преработки на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи и месо и месни производи.

              Мерка 302- која се однесува на диверзификација и развој на руралните економски активности во делот на развој на земјоделски и неземјоделски активности, услужни дејности и рурален туризам.

 

              Претставникот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството Никола Димитровски ги запозна присутните со потребната документација во подготовката на апликациите и со потрбната процедура за одобрување на средствата.

               Претставници на фирмите поставија повеќе прашања во врска со користењето на овие средства, на кои им беше одговорено.

 

 

                                                                                           М-р Ацо Спасовски