Регионална комора со седиште во Скопје - ПОДГОТОВКИТЕ ПРИ КРАЈ, НАСКОРО СЕ ФОРМИРА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

   

АКТУЕЛНО / 10.05.2013
👁 Прочитано: 1139


Регионална комора  со седиште во Скопје - ПОДГОТОВКИТЕ ПРИ КРАЈ, НАСКОРО СЕ ФОРМИРА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

      Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје на седницата расправаше за подготвителните активности за претстојниот конститутивен состанок на Асоцијацијата за регионална соработка (9.5.2013 година). Претседателот на Управниот одбор, д-р Горан Рафајловски, информираше дека согласност за оваа асоцијација  веќе имаат дадено коморите на Белград, Сараево, Тирана, Букурешт и Трговско-индустриската комора на Бугарија. Дополнителна покана е испратена и до Трговско-индустриската комора на Атина и се очекува нивниот став за оваа иницијатива.


        Инаку, во дискусијата позитивно се оценија подготвителните активности за конститутивниот состанок, а агендата и другите предлог-документи  (одлука за формирање на Асоцијацијата, платформа за работа, правила за работа) се прифатени од сите членови на Управниот одбор.

         Д-р Горан Рафајловски го истакна и прашањето за работата на оваа Асоцијација преку три комисии:  Комисија за електронско поврзување на базите на податоци на коморите-членки на Асоцијацијата со добри податоци за профилот на своите членки, Комисија за едукација и стручно образование и Комисија за јавно-приватно партнерство, а со конкретни предлози базирани на регионална соработка да се аплицира за средства од Европската унија.

          Членовите на Управниот одбор се согласија претседателот Регионалната комора со седиште во Скопје да претседава со Комисијата за едукација и стручно образование. Договорено е на конститутивниот состанок  да има и претставници на фирми со што би се реализирале и конкретни билатерални средби меѓу деловните луѓе.

 

                                                                                                 М-р Ацо Спасовски