Македонска енергетска асоцијација организираше презентирање на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент - ДО ПОЛОВИНА НА СЛЕДНАТА ГОДИНА СЛЕДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ВО 17 КОМПАНИИ

   

АКТУЕЛНО / 04.04.2013
👁 Прочитано: 925


Македонска енергетска асоцијација организираше презентирање на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент - ДО ПОЛОВИНА НА СЛЕДНАТА ГОДИНА СЛЕДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ВО 17 КОМПАНИИ

     На денешната презентација во Стопанската комора на Македонија во организација на Македонската енергетска асоцијација – МЕА  пред повеќе од 40 стопанственика од индустрискиот сектор беше презентиран  проектот на УСАИД за индустриски менаџмент во Македонија (4.4.2013 година).
  

       Проектот, кој ќе се реализира во периодот од 2013 до 2015 година ќе им помогне на индустриските компании да ја зголемат конкурентноста преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија,  како дел од вкупните производни трошоци, при што ќе дојде до намалување на емисијата на стакленички гасови на долгорочна основа.


         Целите на проектот ќе се реализираат со конкретна помош на одреден број заинтересирани компании од индустријата, преку воведување системи за управување/надгледување на енергијата, преку обука на кадри со барањата на ISO стандардот  за систем за управување со енергија – MKС EN ISO 50001:2011, изработка на енергетски контроли, проектна документација и реализација на проекти за зголемување на енергетската ефикасност во одреден број селектриани фирми.

          Во рамките на проектот ќе се реализира и обука на две домашни инженеринг фирми  со цел практично имплементирање на системите за управување со енергија во фирмите, а исто така ќе им се помогне на компаниите за полесен пристап до финансии за реализација на проектите за заштеда на енергија.

          До крајот на оваа година Проектот планира да се инсталираат системи за следење и управување со енергијата во 10 производствени компании, а во првата половина од следната година во уште 7 компании.

           Оваа, како што беше истакнато на презентацијата, е прв  проект од областа на енергетската ефикасност кој е насочен кон бизнисот, односно се реализира во индустрискиот сектор и истиот на одреден број компании им дава конкретна финансиска поддршка  за имплементирање на системите за следење на енергија.

            Фирмите кои имаат интерес за учество во проектот истиот треба во следните 10 дена да го искажат преку пополнување на прашалникот по што, од страна на имплементаторот на проектот ќе бидат посетени со цел согледување на реалните потенцијали за конкретна имплементација на проектот.

             Посетеноста на презантацијата покажа дека  индустриските фирми имаат интрес да имплементираат системи за енергетската ефикасност со што ќе  ја  зголемат конкурентноста на нивните производи на домашниот и странскиот пазар.


 

                                                                                                 Зорица  Мешкова