Здружение на металната и електроиндустријата и Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори - ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УПРАВУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И НЕЈЗИНИОТ ОТПАД
➢ ПРЕЗЕМЕНИ ВЕСТИ (12.03.2013)
👁 Прочитано: 127



Здружение на металната и електроиндустријата и Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори -  ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УПРАВУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И НЕЈЗИНИОТ ОТПАД

     Пред членките на Здружението на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, на 12.3.2013 година, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за животна средина извршија презентација за запознавање на членките со обврските кои произлегуваат по стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема.

      Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на ваков вид на отпад.

       Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема  на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникациска опрема за  широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и  опрема за забава  и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати.

        Обврзници на овој закон се производители, увозници и зстапници на ваков вид на опрема и имаат задача да извршат регистрација на производител до 31 декември 2013 година, означување на секое ЕЕО пуштен на пазарот по 1 јануари 2013 година, информирање на крајните потрошувачи за расположивите системи за повраток и собирање, водење на евиденции и доставување на годишни извештаи за пуштање на пазар и собирање на ЕЕО опрема и др.

          Исто така, на презентацијата беа истакнати, процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој Закон.


                                                                                    Војкан  Николовски