Регионалната комора со седиште во Скопје расправаше за активностите во 2013 година - АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТИТЕ НА ЕУ ЗА ПОДДРШКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

   

АКТУЕЛНО / 26.12.2012
👁 Прочитано: 1114


Регионалната комора со седиште во Скопје расправаше за активностите во 2013 година - АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТИТЕ НА ЕУ  ЗА ПОДДРШКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

     Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје на 25.12 2012 година одржа седница на која се расправаше за Програмата за работа во следната година и за Финансискиот план за нејзино остварување. Со седницата претседаваше д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, а по расправата беа донесени и  повеќе заклучоци.


      Предвидена е посета на Брисел заради остварување на претходно договорените и утврдени барања  од страна на регионалните комори и  за активно учество во проекти на ЕУ  предвидени за поддршка на бизнисот и зајакнување  на малите и средни претпријатија.
       Регионалната комора со седиште во Скопје во април следната година  ќе организира и работилница на тема: „Зајакнување на малите и средни претпријатија  во функција на обезбедување  економски  раст  на патот кон  пристапување кон ЕУ“.
       Во текот на 2013 година се планира да се реализира и најавената конференција со претседателите на регионалните комори на главните градови на државите од Балканот и формирање на Регионален сојуз на комори од овие главни градови.

                                                                                           Венера Андриевска