Регионалната комора со седиште во Скопје - ПОДДРШКА ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЗАКОНИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

   

АКТУЕЛНО / 29.11.2012
👁 Прочитано: 1062


Регионалната комора со седиште во Скопје - ПОДДРШКА ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЗАКОНИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

     Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, на седницата одржана на 28.11.2012 година, со која председаваше д-р Горан Рафајловски, председател на Управниот одбор, ја одржа деветата седница. На седницата се  расправаше за следните предлог-закони: 

1.    Предлог за донесување на Закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните обврски;

2.    Предлог за донесување на Закон за гарантен фонд за економски развој;

3.    Предлог за донесување на закон за поттикнување на инвестициите; 

     Воведно излагање по предлог-законите даде Стојмирка Тасевска,советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Во дискусијата учествуваа повеќето членови на Управниот одбор со свои предлози и сугестии. 

     Во однос на Предлогот за донесување на законот за утврдување на роковите заисполнување на паричните обврски, УО  предложи  во членот 2 точка  1 рокот за исплата на паричните обврски  наместо 60 дена да  изнесува до 90 дена. Во истиот член во точка 5 кога се зборува за исклучоци, рокот наместо 90 дена, да се замени со 120 дена. Исто така,  беше  предложено  да се предвиди нов член со коj ќе се дефинира правото на продавачотда ја задржи сопственоста, се до конечна исплата на долгот од страна на купувачот.

     Предлогот за донесување на законот за гарантен фонд за економски развој , Управниот одбор го прифати предлогот на законот  со надополнување во член 8 да остане одредбата дека гаранциите се даваат само за нови инвестиции и  за завршување на веќе започнати инвестиции.Исто така,   беше  предложено  во законот да се вметне посебен член во врска со регулирањето на моралниот хазард кај банките и компаниите, за што се заклучи да се преземе соодветното решение од хрватскиот закон.

     Прифатен е и Предлогот за донесување на законот за поттикнување на Инвестиции,  но беше  заклучено  да се дефинира во законот поголема подршка на претпријатијата во делот на  помош  за  обука и усовршување на вработените.  

 

                                                                                                          Венера Андриевска

                                                                                                         М-р Ацо Спасовски