Презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина - ПОВИК ДО АВСТРИСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
➢ Актуелно (03.10.2012)
👁 Прочитано: 1387



Презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина - ПОВИК  ДО АВСТРИСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

     На 3.10.2012 година во Стопанската комора на Македонија се оджа презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина. На средбата што ја организираа Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на  Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Регионалната комора на Корушка од Австрија, учествуваа реномирани aвстриски фирми од областа на екологијата и  значаен број македонски компании,  заинтересирани за соработка во областа на животната средина.

 

     Форумот го отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во  Скопје, д-р Горан Рафајловски, кој во своето излагање посочи дека Австрија е значаен економски партнер на Македонија, истакнувајќи дека во услови на општопознатите кризни тенденции, во првите седум месеци од 2012 година, вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Република Австрија достигна вредност од 98,2 милиони САД $, што претставува раст од 0,2 %  во однос на истиот период од минатата година. Остварен е извоз во вредност од 28,9 милиони САД $, со раст од 22,4 %, додека увозното салдо изнесува 69,3 милиони САД $ или процентуално пад од 6,8 %.


     На присутните им се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање , Абдилаќим Адеми, истакнувајќи дека Македонија ги усвои и целосно ги  усогласи законите со истите од Европската унија. Но, во фазата на нивната имплементација потребна ни е поддршка од приватниот сектор, особено од земја-членка на Унијата која ги има имплементирано овие стандарди. Тој ги повика австриските стопанственици да инвестираат во управувањето со животната средина во Македонија.

     Добрата економската соработка меѓу Австрија и Македонија ја истакна и претседателот на Австриската комора од Корушка, Франс Пахер, при што ги посочи секторите за нејзино натамошно унапредување, како што се: животната средина, обновливите видови на енергија, пребаротката на отпад, пречистителните станици за отпадни води итн.

 

     На форумот беше презентирана првата лиценцирана македонска компанија за управување со отпад од пакување „Пакомак“, како и  Регионалниот еколошки центар и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Презентациите покажаа дека во Република Македонија успешно се применуваат стандардите за заштита на животната средина и управување со отпад, што дава резултати, особено на планот на управувањето со отпад од пакувања и со секундарните отпадни суровини, а кои се значајни од повеќе аспекти - потребите на индустријата, заштитата на животната средина и природните ресурси и,  секако,  од социоекономски аспект.

     Македонските фирми, присутни на овој форум, остварија деловни средби со претставниците на австриските компани, од кои реално може да се очекува натамошна успешна соработка, имајќи го предвид долгогодишното позитивно австриско искуство на планот на управување со отпад.

                                                                                           Перо Авакумовски