Можност за намалување на трошоците за електрична енергија кај новите квалификувани потрошувачи - ОД СТАРТОТ НА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЗАШТЕДИ И ДО 20 ОТСТО

   

АКТУЕЛНО / 24.09.2012
👁 Прочитано: 903


Можност за намалување на трошоците  за електрична енергија кај новите квалификувани потрошувачи - ОД СТАРТОТ НА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЗАШТЕДИ И ДО 20 ОТСТО

Согласно Законот за енергетика и подзаконските акти, Правилата за пазар на електрична енергија, од 1 јануари 2013 година, во втоrата фаза од либерализацијата на пазaрот на електрична енергија, над 140 индустриски потрошувачи се стекнуваат со статусот квалификуван потрошувач на елекртична енергија. Новите квалификувани потрошувачи се стекнуваат со право да набавуваат електрична енергија на слободен пазар и да бидат член на балансна група на потрошувачи преку која ќе биде решен проблемот на балансирање на нивната потрошувачка. Основен услов за да го добијат статусот квалификуван потрошувач е компаните да имаат 50 вработени и 10 милиони евра годишен обрт, - посочи Зорица Мешкова, советник во Стопанската комора на Македонија на  редовната  прес-конференција (24.9.2012).

Со овие две можности, согласно новите законски решенија, се овозможува намалување на вкупниот трошок за електрична енергија на најголемиот дел од фирмите кои се здобиваат со ова право.

Операторот на пазар на електрична енергија (МЕПСО) на својата официјала Интернет-страница во одделот за ОПЕЕ го објави списокот на фирми кои од 1.01.2013 година се стекнуваат со право да можат да се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар и своето балансирање да го решаваат преку членување во балансни групи.
Во овој момент најголемиот дел од овие фирми трошокот за електрична енергија го плаќаат по два основа: за потрошена електрична енергија и за ангажирана електрична моќност. Најголемиот дел од овие фирми во моментов делот за ангажирана моќност го плаќаат преку максиграф. Тоа значи ангажирана моќност во интервал од 15 минути се плаќа како да е ангажирана цел месец во целиот период на работа. Таквата позиција најчесто прави платениот износ за ангажирана моќност да биде еднаков или поголем од износот платен за електрична енергија.

Можноста којашто новите квалификувани потрошувачи ја добиваат од почетокот на.2013 година да набавуваат електрична енергија на слободен пазар и да се балансираат преку балансна група овозможува намалување на вкупниот трошок за електрична енергија, без или со минимални инвестиции.

Имено, прв пат се дава можност групата на нови квалификувани потрошувачи да добие поевтина електрична енергија, искористувајќи ја можноста што ја даваат новите балансни групи. Првичните проценки се дека компаниите ќе имаат за 20% помал трошок за електрична енергија од сегашниот.

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија започна одредени активности, кои ќе продолжат и во наредниот период со цел информирање на фирмите и подготовка за нивниот влез на пазарот на електрична енергија.