Цели и задачи на новоформираната Групација на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) - ДО 20 ОТСТО ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ДО 2020 ГОДИНА

   

АКТУЕЛНО / 23.01.2012
👁 Прочитано: 932


Цели и задачи на новоформираната Групација на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) - ДО 20 ОТСТО ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ДО 2020 ГОДИНА

     Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонскарта енергетска асоцијација (МЕА) е конституирана и делува од  2.12.2011 година. Претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија  е д-р Кочо Анѓушев. Таа е формирана на иницијатива на членките на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, кои се занимаваат со производство на енергија од обновливи извори , а тоа се: сончева енергија;  хидроенергија; ветерна енергија; геотермална енергија и енергија од биомаса и биогас.
    Ова беше нагласено на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, на која беа промовирани целите и задачите на оваа новоформирана групација (23.1.2012 година).
    Во Групацијата членуваат околу триесетина фирми од гореспоменатите области и концесионери на хидропотенцијал за градба на мали хидроелектрани. Здружувањето во групацијата е на доброволна основа, а зачленувањето во истата е отворено за сите заинтересирани.


    Цел на Групацијата е унапредување на производството на енергија од обновливи извори на енергија во функција на зголемување на процентот на учество во вкупното производство на енергија и стратешката определба 20 /20/20.
   Учеството на енергијата добиена од обновливи извори во финалната портошувачка на енергија во 2011 година е 16,6 %.
Во согласност со стратешката определба на 20/20/20 (20% обновлива енергија до 2020 година) Владата има пропишана динамика на пораст на процентот на енергија од обновливи извори на енергија и тоа:

 

Целен процент

Година

17,2 %

до 31.12.2012

17,6 %

до 31.12.2013

18,1 %

до 31.12.2014

18,5 %

до 31.12.2015

      

      За стимулирање на градбата  на енергетски постројки за произвоство на електрична енергија, воспоставени се повластени тарифи за преземање на електричната енергија.
    Во моментот, во Македонија има 23 мали хидро-ентали, од кои 9 се на приватни компани и користат повластена тарифа, 11 се на ЕВН и 3 се на општински јавни претпријатија. Исто така,  има 7 фотоволтаични електрани кои користат повластена тарифа. Во тек е изградба на првата ветерна електрана во околината на Богданци, а ја гради ЕЛЕМ. 13 компании имаат 47 концесии за хидропотенцијал за градба ма МХЕ.
       
                                                    Перо Авакумовски