Регионална комора со седиште во Скопје со предлог - ЗАДОЛОЖНИЦАТА ДА НЕ СЕ ЗАВЕРУВА НА НОТАР!

   

АКТУЕЛНО / 14.12.2011
👁 Прочитано: 1011


Регионална комора со седиште во Скопје со предлог - ЗАДОЛОЖНИЦАТА ДА НЕ СЕ ЗАВЕРУВА НА НОТАР!

        Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, на седницата со која раководеше претседателот Горан Рафајловски, расправаше за Нацрт- генералниот урбанистички план на град Скопје. Нацрт – планот го образложи  Марија Петроска, самостоен советник од Стопанската комора на Македонија, која  членовите ги запозна со   новините кои  се предлагаат во новиот ГУП. Сите присутни се вклучија во дискусија во  оваа исклучително важна тема, а посебно се дискутираше за зелените пазари. Членовите на УО на Комората сметааат дека не треба да им се одземаат зелените пазари на сопствениците, туку  предлагаат да се изградат покриени пазари кои ќе бидат направени по сите стандарди. Сите забелешки одстрана на Комората ќе бидат доставени до Советот на Град Скопје пред донесувањето на Предлог-ГУП-от на Град Скопје.  


      На седницата се водеше распраva и за одредени теми од областа на финансискиот сектор. Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје преку Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија  ќе побара од банките да се изврши  репрограмирање  на досегашните деловни  кредити и да се зголеми рокот на нивното враќање од  5 на  10 години.
      Покрај тоа, побарано е Задолжницата, инструмент кој се воведува за   наплата на долговите, додека не се изнајде друг,   да не биде заверувана на нотар.


                                                                                                      Венера Андриевска