ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 87 ОД 20.04.2021 ГОДИНА)



Врз основа на член 28 став (8) и член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 20 април 2021 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА

Член 1

Во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/21, 65/21 и 75/21), во член 13 став 1 во точката 2. точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „освен организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на гледачи/публика, исклучиво по наменски одобрени протоколи и по претходно извршено PCR тестирање пред одигрување на натпреварот од страна на клубовите“.

Во точката 11. зборовите „од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „од 20 април 2021 година (вторник) до 27 април 2021 година (вторник)“.

Во точката 12. во ставот 1 зборовите „од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „од 20 април 2021 година (вторник) до 27 април 2021 година (вторник)“.

Во точката 14. зборовите „од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „од 20 април 2021 година (вторник), до 27 април 2021 година (вторник)“.

Во точката 15. зборовите „од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „од 20 април 2021 година (вторник), до 27 април 2021 година (вторник)“, а точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите „освен обуките кои ќе ги спроведува Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование и по наменски протоколи“.

Член 2

Во член 15 став 1 по точката 76. се додава нова точка 77., која гласи:

„77. Протокол за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта – Прилог број 77“.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје