ОДЛУКА ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА МАРКИРАЊЕ НА ГОРИВА, ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ПРОНАОЃАЊЕ НА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ И ПИВО И СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛЕКОВИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.79 ОД 8.4.2021 ГОДИНА)



Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 aприл 2021 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА МАРКИРАЊЕ НА ГОРИВА, ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ПРОНАОЃАЊЕ НА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ И ПИВО И СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛЕКОВИ

Член 1

Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за започнување на постапка за воспоставување систем за маркирање на горива, воспоставување електронски систем за следење и пронаоѓање на тутунски производи, систем за следење на алкохолни пијалаци и пиво и систем за следење на лекови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 46/21).

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје