ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.75 ОД 5.04.2021 ГОДИНА)



Врз основа на член 28 став (8) и член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 5 април 2021 година, донесе


ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА


Член 1

Во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/21 и 65/21), во член 12, став 3, точката 5. се брише.
Точките 6., 7., 8. и 9. стануваат точки 5., 6., 7. и 8..

Член 2

Во член 13, став 1 во точката 11. ставот 1 се менува и гласи:
„Се затвораат за посетители - гости сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт), почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година (вторник).“
Во точка 12. ставот 1 зборовите „во временски период од 22.00 часот до 5.00 часот наредниот ден, почнувајќи од 22 март 2021 година (понеделник) до 6 април 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „во временски период од 20.00 часот до 5.00 часот наредниот ден, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник)“.
По точката 13 се додаваат две нови точки 14. и 15., кои гласат:
„14. Се забрануваат посетители - гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник).
15. Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник), до 20 април 2021 година (вторник).“.

Член 3

За времетраење на наредените мерки од членот 2 од оваа одлука, со кој се менува член 13, став 1 точка 11. став 1 и се додаваат две нови точки 14. и 15., соодветните наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување, нема да се применуваат.

Член 4

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје