ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ



Согласно известувањето на Министерството за правда, при вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности, а нивно зголемување не е возможно. Предвидените глоби во Законот за прекршоците се несоодветни за штетата која се создава со сторување на прекршоците од областа животна средина.

Поради наведеното, целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците е да создаде можност за измена на материјалните закони од областа на животната средина во кои ќе бидат пропишани повисоки глоби за сторителите на прекршоци од оваа област. Повисоките глоби (соодветни на причинетата штета) се очекува да ги спречат сторителите во вршење на ваквите видови прекршоци.

 


Контакт лице: м-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје