НОВ ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 225 ОД 18.09.2020 ГОДИНА



Со овој правилник се пропишуваат стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и се дефинираат принципите, начелата и методите за рационално планирање на одржливи населби и градби за уредување и користење на просторот, методите и техниките на урбанистичкото планирање, правното дејство на планските одредби, системот на класи на намени, како и сите заштитни или генеративни стандарди што го обезбедуваат исполнувањето на целите и начелата на урбанистичкото планирање, а особено:

  1. поблиската содржина, форма и начин на графичка обработка на урбанистички планови и урбанистичките проекти од овој закон, како и на составните делови на урбанистичките планови и проекти;
  2. начинот на одредување на видот на урбанистичкиот план и видот на урбанистичкиот проект што е соодветен за уредување на соодветни ситуации;
  3. стандарди и нормативи за урбанистичко планирање со планирање на градежно земјиште, формирање на градежни парцели, систем на класи на намени и детална класификација на намени во урбанистичкото планирање и правила за компатибилност и комплементарност на намени, регулаторни линии и плански одредби со правно дејство, урбанистички параметри: максимален дозволен процент на изграденост, максимален дозволен коефициент на искористеност и минимален процент на озеленетост на градежното земјиште за различните класи на намени, типови на градби и просторни планерски единици, густина на населеност, параметри за висина и архитектонска пластика и други, планирање на стационарен и динамички сообраќај, нормативи за обезбедување на непречено движење и пристапност на лица со инвалидитет, стари лица и деца, нормативи за урбано зеленило согласно Законот за урбано зеленило, инфраструктури, енергетско однесување на урбаното ткиво и градбите и други стандарди и нормативи што произлегуваат од целите и начелата на урбанистичкото планирање уредени со Законот за урбанистичко планирање;
  4. листа на подрачјата и градбите од државно значење;
  5. начинот на одредување на соодветниот вид на урбанистички план за село од членот 14 на Законот за урбанистичко планирање;
  6. содржината на предметот на уредувањето на различните видови на урбанистички проекти од членот 58 став (2) и на урбанистичкиот проект од членот 58 став (6) од Законот за урбанистичко планирање;
  7. формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичкиот проект од членот 61 од Законот за урбанистичко планирање;
  8. начинот и наменските, диспозициските, морфолошките и димензионалните услови и правила за формирање на градежни парцели од членот 63 од Законот за урбанистичко планирање и
  9. други стручни норми за применување во процесот на изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” бр. 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/18).

 


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје