ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА



Според Известувањето на Министерството за правда, има потреба за подобрување на законските одредби и доуредување на прашањата кои создаваат проблеми во примената на важечкиот Закон за парничната постапка поврзани со полномошниците на странките, поднесоците (документи/докази кои се наоѓаат кај другата страна или трето лице), роковите и рочиштата, доставата, текот на постапката, доказите и изведувањето докази, одредувањето на вештачење, подготвувањето на главната расправа, утврдувањето на прагот за ревизијата како вонреден правен лек, споровите од мала вредност, како и потреба за вградување на заштитата на колективните права и интереси и усогласување со други поврзани закони.

Целта на Предлог–законот за парничната постапка е да се надминат слабостите и да се подобрат законските одредби во насока на нивна поголема применливост, со што ќе се создаде функционална, успешена и ефикасна парнична постапка, а со тоа и ќе се воспостави стабилен граѓанско – правен систем преку пополнување на постоечките правни празнини и негово усогласување со европските стандарди и современите општествени текови.


Контакт лице: м-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје