ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 201 ОД 12.08.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 11 август 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20 и 195/20), во член 1, став 1, во точката 14 став 3, Прилогот број 36 - Протокол за вршење на меѓународен превоз од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Прилогот број 37 - Протокол за вршење на меѓуградски превоз од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се менуваат со нови Прилог број 36¹ и Прилог број 37², кои се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/33                   Претседател на Владата

11 август 2020 година        на Република Северна Македонија,

Скопје                                 Оливер Спасовски, с.р.

¹Прилог број 36

ПРОТОКОЛ
ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ПРЕВОЗ

1. Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот/ите.

2. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата.

3. На автобуските станици да се означат/обележат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.

4. Исполнетост на возилото со патници до максимум 75% од вкупниот капацитет.

5. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).

6. Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.

7. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.

8. Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

9. Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.

10. Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.

11. Тоалетот редовно да се чисти и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит за што ќе се води редовна дневна евиденција. Во тоалетот задолжително да има средство за дезинфекција на рацете.

12. По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.

²Прилог број 37

ПРОТОКОЛ
ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕЃУГРАДСКИ ПРЕВОЗ

1. Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот.

2. На автобуските станици да се означат/обележат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.

3. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата.

4. Исполнетост на возилото со патници до максимум 75% од вкупниот капацитет.

5. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).

6. Означување на правецот на движење на патници во автобусот.

7. Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.

8. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.

9. Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

10. Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.

11. Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.

12. По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје