(„СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 192 ОД 27.07.2020 ГОДИНА)
Врз основа на член 68 став (3) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19 и 18/20), министерот за транспорт и врски донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДБИ, ЗА ФУНКЦИОНАЛНИ ДЕЛОВИ ОД ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДБИ КАКО И ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДБИ СОСТАВЕНИ ОД ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД КОИ НАЈМАЛКУ ЕДЕН ДЕЛ ПРЕТСТАВУВА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на барањето за продолжување на рокот за изградба на линиски инфраструктурни градби, за функционални делови од инфраструктурни градби како и за инфраструктурни градби составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура и потребната документација, како и формата и содржината на образецот на решението за продолжување на рокот за завршување на изградбата.
Член 2
Барањето за продолжување на рокот за изградба на линиски инфраструктурни градби, за функционални делови од инфраструктурни градби како и за инфраструктурни градби составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура и потребната документација се издава на образец на хартија во бела боја со формат А-4.
Формата и содржината на барањето од став 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Кон барањето за продолжување на рокот за изградба на линиски инфраструктурни градби, за функционални делови од инфраструктурни градби како и за инфраструктурни градби составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура и потребната документација се доставува следната документација:
- правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган;
- известување за отпочнување со градба согласно Законот за градење доставено до органот надлежен за издавање на одобрението;
- изјава од инвеститорот под морална и кривична одговорност, заверена на нотар дека има отпочнато да ја гради инфраструктурната градба согласно одобрението за градење и
- доказ за платена административна такса.
Член 4
Решението за продолжување на рокот за завршување на изградба на градбите се издава на образец на хартија во бела боја со формат А-4.
Формата и содржината на решението од став 1 на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 01-4947/1 Министер
17 јули 2020 година за транспорт и врски,
Скопје Горан Сугарески, с.р.