"Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 7, а во врска со член 29, став (3) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 12 јуни 2020 година донесе
ТАРИФЕН СИСТЕМ
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТАРИФНИОТ СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ КОИ ГИ СНАБДУВА УНИВЕРЗАЛНИОТ СНАБДУВАЧ И СНАБДУВАЧОТ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ
Член 1
Во Tарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај („ Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/18), во членот 27 се додава нов член 27-а, кој гласи:
„Член 27-а
(1) Во случај на прогласена воена, вонредна и/или кризна состојба, Регулаторната комисија за енергетика постапката за одобрување на предлог цените на пресметковните елементи, како и постапката утврдена со член 28, ги води на начин утврден со овој тарифен систем.
(2) Роковите за одржување на подготвителната седница и седницата на Регулаторната комисија за енергетика, во случаите од став (1) на овој член, отпочнуваат да течат од денот на престанокот на важењето на воената, вонредната и/или кризната состојба.
(3) Одлуката за одобрување на предлог цените на пресметковните елементи којашто се донесува во случаите од став (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, а влегува во сила од 1-от ден во наредниот месец во тековната година.“
Член 2
Овој тарифен систем влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 01-400/1 | |
12 јуни 2020 година | Претседател, |
Скопје | Марко Бислимоски, с.р. |
"