УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 154 ОД 10.06.2020 ГОДИНА)



"

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 10 јуни 2020 година, донесе

 

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

 
Член 1

            Законот за комуналните такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04; 64/05; 92/07; 123/12; 154/15; 192/15 и 23/16) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

            За висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

 
Член 2

            Висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност за време траење на вонредната состојба ќе изнесува од 1 до 15 денари од м2 дневно.

            Советот на општината, советот на општините во градот Скопје и советот на градот Скопје може да донесат одлука да не ја наплаќаат комуналната такса од ставот (1) на овој член за време траење на вонредната состојба.

 
Член 3

            Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Северна Република Македонија“.

Бр. 44-5302/1

Претседател на Владата

10 јуни 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

 

 

"

Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје