ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СРЕДСТВА



Со предложените измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства се уредува дека административно-техничките работи за потребите на Комисијата која одлучува по барање за зголемување на формираната цена на лек,  ги врши секретар кој не е нејзин член и кој се определува со решението за формирање на Комисијата од редот на административните државни службеници во Министерството за здравство. Се предлага за работата во Комисијата, на нејзините членови да им се исплаќа месечен надоместок во висина од 70% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минималната плата во Република Северна Македонија. Воедно, за вршење на административно-техничките работи за потребите на Комисијата, се предлага на секретарот да му се исплаќа месечен надоместок во висина од 35% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Mакедонија, за месеците во кои Комисијата одржала најмалку еден состанок. Се пропишува дека средствата за надоместок на работењето на Комисијата, се обезбедуваат од Министерството за здравство.

Покрај наведеното, со предложениот закон се вршат измени и во делот на одредбите кои се однесуваат на инспекцискиот надзор заради нивно усогласување со новиот Закон за инспекциски надзор, како и усогласување на прекршочните одредби со одредбите на новиот Закон за прекршоците.


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје