ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА - ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА УВОЗ НА МАСЛО ОД СОНЧОГЛЕД ЗА ЈАДЕЊЕ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.166 ОД 22.7.2022 ГОДИНА)



ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 35/10, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 20 јули 2022 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА - ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА УВОЗ НА МАСЛО ОД СОНЧОГЛЕД ЗА ЈАДЕЊЕ

Член 1

Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозната давачка - царинската стапка при увоз на масло од сончоглед за јадење и тоа:


Тарифна ознака 
Опис

1512
1512 19
1512 19 90 00

Масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе и нивни фракции, рафинирани или нерафинирани но хемиски немодификувани:
 -Масла од сончоглед или шафраника и нивни фракции:
-- Друго: 
---Друго

    

Член 2

Стоката од член 1 на оваа одлука ќе се увезува заклучно со 31 декември 2022 година.

 
Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 41-5301/1                                                                               Прв заменик на претседателот
20 јули 2022 година                                                    на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                        д-р Artan Grubi, с.р.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје