ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ



Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 15 јуни 2022 година, донесе 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ

Член 1

Во Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.135/22) во членот 1 ставот 2 се менува и гласи: „Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 алинеите 1, 2 и 3 на овој член, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.“. 

Ставот 3 се менува и гласи: „Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 алинеите 4, 5, 6, 7 и 8 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.“. 

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 
 

Бр. 41-5343/1                                                                Прв заменик на претседателот
15 јуни 2022 година                                       на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                      д-р Artan Grubi, с.р.
 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје