Врз основа на член 84 алинеја 8 од Уставот на Република Северна Македонија, амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2019), член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2019) и на член 12 став 1 точка 4, член 14 точка 4 и член 18 став 1 од Законот за одликувања и признанија на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/02, 24/12 и 190/16)
СЕ ОДЛИКУВА
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
со
ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
За својот 100-годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и во поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури, со што се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и за развој на условите за стопанисување и за конкурентност на пазарот, како темел за стабилност и за економски просперитет на државата.
Бр. 11-592/1 Претседател на Република Северна Македонија,
26 мај 2022 година Стево Пендаровски, с.р.
Скопје