ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО И РЕЖИМОТ НА МИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМОМИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМАЛНИТЕ ВОДИ И МИНЕРАЛНИТЕ ВОДИ И ГАСОТ CO2 (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.51 ОД 9.3.2022 ГОДИНА)



МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Врз основа на член 13 став (5) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО И РЕЖИМОТ НА МИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМОМИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМАЛНИТЕ ВОДИ И МИНЕРАЛНИТЕ ВОДИ И ГАСОТ CO2

Член 1

Со овој правилник се пропишува содржината и начинот на изработка на Студијата за оцена на влијанието и режимот на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2.

Член 2

Студијата за оцена на влијанието и режимот на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2 (во понатамошен текст: Студијата) ги содржи следните податоци:
1) Општи податоци за Студијата;
2) Текстуален дел и
3) Графички дел.

Член 3

Општите податоци за Студијата се состојат од:
1) Наслов на Студијата, назив на правното лице кое ја изработило, потпис на лицето носител на изработка на Студијата, место и година на изработка на Студијата и печат на правното лице - имател на овластувањето и
2) Список на соработници кои учествувале во изработката на Студијата и нивни потписи.

Член 4

Текстуалниот дел на Студијата се состои од:
1) Вовед;
2) Метеоролошки карактеристики;
3) Хидрографски и хидролошки карактеристики;
4) Геоморфолошки карактеристики на теренот;
5) Геолошка градба:
- приказ на литолошкиот состав и
- тектоника;
6) Преглед на претходно извршени хидрогеолошки истражувања и оцена на степенот на хидрогеолошка истраженост;
7) Хидрогеолошки карактеристики на теренот:
- тип на издани,
- хидродинамички карактеристики и
- хидрогеолошка функција на изданите;
8) Хидрогеолошки параметри на изданите:
- димензии, граници и положба на изданските зони,
- услови за формирање на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2,
- субартески и артески притисоци, нивоа и правци на движење на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2,
- определување на хидрогеолошките параметри (моќност, коефициент на филтрација, коефициент на водопроводност, специфична издашност, издашност, радиус на влијание на експлоатационите објекти, пиезопроводност, нивопроводност и сл.) на изданите и
- квалитет на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2;
9) Резерви на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2 и тоа:
- динамички резерви,
- статички резерви и
- експлоатациони резерви;
10) Биланс на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2;
11) Оцена на степенот на хидрогеолошка истраженост и искористеност;
12) Предлог простор за детални хидрогеолошки истражувања со приказ на предвидени истражни и испитателни хидрогеолошки работи;
13) Геолошко-економска оцена за перспективноста на просторот и оцена на подобноста во однос на изградба на нови експлоатациони објекти;
14) Заштита на подземните води;
15) Заклучоци и препораки и
16) Список на користена литература.

Член 5

Графичкиот дел на Студијата се состои од:
-    прегледна геолошка карта во размер 1:100 000;
-    хидрогеолошка карта во размер 1:25 000;
-   детална хидрогеолошка карта во размер 1:10 000;
-   напречен хидрогеолошки профил во размер 1:10 000;
-   надолжен хидрогеолошки профил во размер 1:10 000;
-   тестови на црпење на хидрогеолошките објекти (бунари, дупнатини и сл.);
-   хидрограм на црпење на хидрогеолошките објекти (бунари, дупнатини и сл.)ч
-  дијаграми за определување на хидрогеолошките параметри на водоносните средини (моќност, коефициент на филтрација, коефициент на водопроводност, специфична издашност, издашност, радиус на влијание на експлоатационите објекти, пиезопроводност, нивопроводност и сл.).
Графичкиот дел содржи и Прилог кој се состои од: наслов, размер во кој е изработен Прилогот, основа на Прилогот и соодветна легенда на основата.

Член 6

Студијата се изработува како тврдо укоричена книга во хартиена форма и во електронска форма.

Член 7

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 24-1013/1    
25 февруари 2022 година                                                                                                 Министер за економија,
Скопје                                                                                                                                   Kreshnik Bekteshi, с.р.
 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје