ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ.51 ОД 9.3.2022 ГОДИНА)



МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Врз основа на член 87 став (3) oд Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува содржината на Планот за управување со отпад од минерални суровини.

Член 2

За инсталациите за отпад од минерални суровини класифицирани во категорија А, согласно член 91 од Законот за минерални суровини, Планот за управување со отпад од минерални суровини (во понатамошниот текст: Планот) треба да ги содржи најмалку следните поглавја:
1. Не-техничко резиме;
2. Воведни објаснувања;
3. Цели на Планот;
4. Структура на Планот;
5. Клaсификација на инсталацијата за отпад од минерални суровини;
6. Категоризација на отпад од минерални суровини со прикажување на:
- основни информации за експлотационото поле,
- природа на отпадот од минерални суровини (јаловината) и начин на постапување и
- геомеханички карактеристики на отпад од минерални суровини;
7. Изградба и управување со инсталацијата за отпад од минерални суровини;
8. Процена на ризиците по животната средина и здравјето на луѓето;
9. Превенција на ризиците и мерки на заштита;
10. План за вонредни состојби;
11. План за мониторинг на мерките за намалување на влијанието врз животната средина и
12. Предлог план за затварање, грижа по затварањето и мониторинг на инсталацијата за отпад од минерални суровини (со процена на придружните трошоци).

Член 3

За инсталациите за отпад од минерални суровини кои не се класифицирани во категорија А, согласно член 91 од Законот за минерални суровини, Планот треба да ги содржи најмалку следните поглавја:
1. Општи податоци за изготвувачот и за инсталацијата и
2. Не-техничко резиме во кое се даваат наводи за причините за класификација на инсталација/просторот за депонирање и категоризација на отпад од минерални суровини како неопасен.
Кон Планот од ставот 1 на овој член се доставуваат следните податоци:
-    опис на технологијата на екстракција, обработка/процесирање и депонирање на отпадот од минерални суровини;
-    карактеристики на отпадот од минерални суровини;
-    матрица на процена на ризиците по животната средина и здравјето на луѓето;
-    план за мониторинг на мерките за намалување на влијанието врз животната средина и
-    предлог план за затварање, грижа по затварањето и мониторинг на инсталацијата за отпад од минерални суровини (со процена на придружните трошоци).

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 24-1012/1    
25 февруари 2022 година                                                                                         Министер за економија,
Скопје                                                                                                                           Kreshnik Bekteshi, с.р.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје