ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 215 ОД 16.09.2021 ГОДИНА)



Со дополнувањето на Законот за облигационите односи се уредува дека  каматата престанува да тече кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината. Воедно се уредува дека ова решение се применува и за неплатената камата од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата била во рамките на умерена инфлација, односно до 50% на годишно ниво, а не се применува од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата е во рамките на голема инфлација, односно над 50% на годишно ниво. Одлука за прогласување на година на ниска (до 3%), умерена (од над 3% до 50%) или висока инфлација (над 50%) донесува Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува од 1 октомври 2021 година.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје