АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНOТ 21 СТАВ 1 ТОЧКА 4) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” БРОЈ 112/14, 44/15, 129/15, 23/16, 190/16 И 248/18 И „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 158/19, 232/19, 275/19, 290/20 И 151/21), ОБЈАВЕНО ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 215 ОД 16.09.2021 ГОДИНА



Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Севрна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 15 септември 2021 година, даде

АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ
НА ЧЛЕНOТ 21 СТАВ 1 ТОЧКА 4) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” БРОЈ 112/14, 44/15, 129/15, 23/16, 190/16 И 248/18 И „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 158/19, 232/19, 275/19, 290/20 И 151/21)

Одредбата на членот 21 oд Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 44/15, 129/15, 23/16, 190/16, 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 158/19, 232/19, 275/19, 290/20 и 151/21), гласи:

(1) Задржувањето на данок се применува на следниве приходи, без оглед дали се исплатени во Република Македонија или во странство:

1) приход од дивиденди;

2) приход од камата од резидент;

3) приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;

4) приход од авторски хонорар исплатен од резидент;

5) приход од авторски хонорар исплатен од нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица;
6) приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Македонија;

7) приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Македонија;

8) приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија;

9) приход од телекомуникациски услуги меѓу Република Македонија и странска држава и

10) приход од закуп на недвижности во Република Македонија.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, данокот не се задржува на следниве приходи:
1) на трансфер на дел од добивката на постојана деловна единица на странско правно лице во Република Македонија, на која претходно е платен данок на добивка;

2) на приход од камата од должнички инструменти издадени и/или гарантирани од страна на Владата на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и банки или други финансиски институции кои дејствуваат како претставник на Владата на Република Македонија;

3) на приход од камата од депозити во банка лоцирана во Република Македонија и

4) на приход остварен од посредување или консалтинг со државни хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.

Одредбата од членот 21 став (1) точка 4) треба да се толкува така што, приход од авторски хонорар исплатен од резидент не се однесува на приход од користење на сродни права за чие користење, меѓу другите се и радиодифузните организации кои набавуваат странска програма врз основа на договор за лиценца и истата одредба има влијание дополнително и на постапките кои се однесуваат на задршка на данок за овој вид на приход, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се започнати по членот 29-б став 1 точка 4 од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 28/98, 11/2001, 2/2002, 44/2002, 51/2003, 120/2005, 139/2006, 160/2007, 159/2008, 85/10, 47/11, 135/11, 79/13 и 13/14) и не се завршени, а се однесуваат за радиодифузни организации кои емитуваат телевизиска програма.

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје