„Службен весник на РМ“ бр. 40 од 15 февруари 2019 година
Врз основа на член 184 став 1 точка б од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018) и член 10 став 7 од Законот за спречување перење на пари и финасирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2018), Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на седницата одржана на 18.1.2019 година, донесе
- Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за субјектите под надзор на Комисијата за хартии од вредност на РМ
Со ова упатство се утврдуваат постапките за проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам како и факторите на ризик што субјектите врз кои Комисијата за хартии од вредност на РМ врши надзор над примената на мерките и дејствијата утврдени со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам треба да ги земат предвид при проценката на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, а се поврзани со индивидуалните деловни односи и повремените трансакции како и начинот на спроведување на поедноставна и засилена анализа на клиентот.
Субјекти за кои се однесува примената на ова Упатство се: брокерските куќи, лицата кои даваат услуги на инвестициски советници, друштвата за управување со отворени, затворени и приватни инвестициски фондови и на отворените, затворените и приватните инвестициски фондови.
Упатството влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.