ПРЕГЛЕД НА КЛУЧНИ ЕЛЕМЕНТИ И РЕГУЛАТИВА ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ И ЦАРИНИТЕ 11.08.2020
👁 Прочитано: 164


Данок на добивка

Даночен обврзник

- Правно лице резидент на државата кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство и

- Постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на нашата држава

Даночна стапка

- 10% на основа утврдена како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди,зголемена за непризнаените расходи и помалку искажаните приходи за даночни цели

Текст на закон

Закон за данокот на добивка неофицијален пречистен текст

Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на добивка („Службен весник на РСМ“ бр.275/19)

Данок на личен доход

Даночен обврзник

- Физичко лице резидент на државата за доходот што го остварува во земјата и во странство

- Трговец поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуги или слободно занимање

- Физичко лице кое не е резидент на државата за доходот што е остварен на нејзината територија

Даночна стапка

- 10% данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход (*до 31.12.2022 година)

- 15% на доходот од добивките од игри на среќа

Од 01.01.2023 година:

На доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи

- 10% до 1.080.000 денари

- 108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари

На доходот од добивките од игри на среќа, на доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход 15%

За доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд :

15% доколку имателот ги поседувал до една година,

10% доколку ги поседувал за период од една до десет години

0% доколку ги поседувал над десет години

За доходот од капитал остварен по основ на камати на орочени депозити 10%

Текст на закон

Закон за данокот на личен доход („Службен весник на РМ“ бр.241/18)

Закон за изменување и дополнување на законот за данокот на личен доход („Службен весник на РСМ“ бр.275/19)

Данок на додадена вредност

Даночен обврзник

- Лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност

- Обврска за задолжителна регистрација за цели на ДДВ имаат само оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 2.000.000 денари

Даночна стапка

Општата даночна стапка од 18% се применува врз целокупниот промет и увоз

Повластената даночна стапка од 5% за:

- Производи за човечка исхрана и сурово масло за производство на храна за човечка исхрана;

- Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште

- Публикации, училишен прибор

- Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија, ѓубрива, средства за заштита на растенијата, фолии од пластична маса за употреба во земјоделството, земјоделска механизација, добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток;

- Лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина, медицинска опрема, помагала и други уреди за олеснување или третирање на инвалидност за лична употреба од страна на инвалидни лица;

- Машини за автоматска обработка на податоци, софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери)

- Топлинска енергија за греење, термални сончеви системи и компоненти, пелети, печки на пелети и котли на пелети

- Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата;

- Бебешки производи

- Превоз на лица и нивниот придружен багаж, услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти

- Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад

Текст на закон

Закон за данокот на додадена вредност (пречистен текст) („Службен весник на РМ“ бр. 177/14)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр.15 /15)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр.129 /15)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр. 225/15)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр.23/16)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр.189 /16)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр.98 /19)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр.124 /19)

Закон за изменување и дополнување на законот за додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр.275 /19)

Даноци на имот

Данок на имот

Даночен обврзник

- правно и физичко лице сопственик на имотот

- правно и физичко лице корисник на имотот, во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен или кога користи недвижен имот вo сопственост на државата и општината

- може да биде и плодоуживателот на имотот согласно со закон

- Ако имотот е во сопственост на повеќе лица, секој од нив е обврзник на данокот на имот сразмерно на сопственичкиот дел

Даночна стапка

од 0,10% до 0,20% на пазарната вредност на имотот утврдена според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот

Данок на наследство и подарок

Даночен обврзник

- физичко и правно лице- резидент на државата кое наследува имот или кое прима имот на подарок, во земјата и во странство

- странско физичко и правно лице нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува, односно прима на подарок на територијата на државта

Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот, како и наготови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, ако пазарната вредност на наследството, односно договорот за подарок е повисока од износот на едногодишната просечна плата

Даночна стапка

од 2% до 3% за обврзник од втор наследен ред,

од 4% до 5% за обврзник од трет наследен ред или обврзник кој не е во сродство со оставителот

Данок на промет на недвижности

Даночен обврзник

- правно и физичко лице-продавач на недвижноста

- може да биде правно лице и физичко лице - купувач на недвижноста, доколку во договорот за купопродажба на недвижноста, е договорено данокот да го плати купувачот

- при замена на недвижности даночен обврзник е учесникот во замената кој дава во замена недвижност од поголема вредност

- ако се пренесува идеален дел на сопственост на недвижноста, даночен обврзник е секој сопственик посебно

Даночна стапка

од 2% до 4%

Текст на закон

Закон за даноците на имот неофицијален пречистен текст

Данок на моторни возила

Даночен обврзник

- правно или физичко лице кое произведува или набавува моторно возило заради продажба на краен купувач или користење за сопствени потреби

- сопственик на претходно одобрено моторно возило од друг вид на кое е извршена преправка во моторно возило

- лице кое увезува моторно возило

Даночна стапка

Дефинирана во Уредба за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни („Службен весник на РСМ“, бр. 277/19)

Текст на закон

Закон за данок на моторни возила ( „Службен весник на РСМ“ бр.261/19)

Акцизи

Акцизно добро

Износ на акциза

Акциза на алкохол и aлкохолни пијалаци

Акциза на пиво: 4,00 денари за 1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ

Акциза на литар пенливо и непенливо вино и ферментирани пијалаци : 0 денари

Акциза  на меѓупроизводи :

- 33,00 денари по литар за меѓупроизводи со содржина на алкохол помал од 15% и

- 55,00 денари по литар за меѓупроизводи со содржина на алкохол од 15%-22%

Акциза за етил алкохол и питки жестоки алкохолни пијалаци 340,00 денари за литар чист алкохол, измерен на температура од 20°C

Tутунски производи

Акциза на цигари 2,453 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија

Минималната акциза 2,653 денари

* Од 1 јули 2020 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот наспецифичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули секоја година

Акциза на пури 21,37 ден. по парче и 0% од малопродажната цена.

Акциза на цигарилоси 10,00 ден. по парче и 0% од малопродажната цена.

Акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун 1.800,00 ден. по килограм нето тежина и 0% од малопродажната цена

Акциза на тутун за пушење како друг тутун за пушење и тутунот за водено луле (тутун за наргиле) 1.800,00 ден. по килограм нето тежина и 0% од малопродажната цена.

Акциза на тутун за шмркање и тутун за џвакање 1.800,00 денари по килограм нето тежина и 0% од малопродажната цена.

* Од 1 јули 2020 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на специфичната акциза за тутун за пушење како фино сецкан тутун, тутун за пушење како друг тутун за пушење, тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за шмркање и тутун за џвакање се зголемува за 125,00 денари по килограм нето тежина на 1 ј ули секоја година.

Акциза на несогорлив тутунски производ 2.500,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса и 0% од малопродажната цена.

*Износот на специфичната акцизасе зголемува

на 1 јули 2020 година за 300,00 денари,

на 1 јули 2021 година за 350,00 денари,

на 1 јули 2022 година за 400,00 денари и

на 1 јули 2023 година за 450,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса.

Акциза на течност наменета за полнење на електронска цигара 2,20 денари за милилитар волумен.

* Од 1 јули 2020 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на течноста наменета за полнење на електронска цигара се зголемува за 0,20 денари по милилитар волумен на 1 јули секоја година

Eнергенти и електрична енергија

Моторен бензин:

- 24,396 денари за литар бензин со содржина на олово повисока од 0,013 грама на литар и авиобензин

- 21,692 денари за литар безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар

* Сосласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.86/20, 105/20 и 169/20) на износот на основната акциза за литар безоловен бензин од 21,692 денари за литар, се пресметува и дополнителна акциза согласно средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација "Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt`s European Marketscan. Уредбата се применува за времетраење на вонредната состојба и седум месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба (средина на декември 2020 година).

Гасно масло:

- 15,121 денари за литар како погонско гориво

* Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.86/20, 105/20 и 169/20) на износот на основната акциза на гасното масло како погонско гориво од 15,121 денари за литар, се пресметува и дополнителна акциза искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на 10ppm ULSD на котација "Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt's European Marketscan. Уредбата се применува за времетраење на вонредната состојба и седум месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба (средина на декември 2020 година).

- 6,136 денари за литар како гориво за греењe

* Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба (службен весник на РСМ бр.86/20, 105/20 и 169/20) основната акциза на гасното масло како гориво за греење изнесува 15,121 денари за литар и на истата се пресметува и дополнителна акциза во зависност од средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација "Mediterranean cargoes FOB (italy)" од Platt's European Marketscan. Уредбата се применува за времетраење на вонредната состојба и седум месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба (средина на декември 2020 година).

Течен нафтен гас и метан:

- 4,900 денари за килограм:

Керозин:

- 11,000 денари за литар како погонско гориво и

- 2,200 денари за литар како гориво за греење;

Масло за ложење:

- 0,100 денари за килограм;

Масла за подмачкување:

- 7,00 денари за килограм

- 22,00 денари за килограм за препаратите за подмачкување

Природен гас електрична енергија биогоривата јаглен, кокс и лигнит, нула денари

- за нафтен кокс - 84,6 денари за (Gj) гигаџул

Текст на закон

Закон за акцизите Службен весник на Република Северна Македонија” број 108/19, 143/19, 225/19 и 275/19) - неофицијален пречистен текст

Придонеси од задолжително социјално осигурување

Вид на придонес

Стапки

Придонес за пензиско и инвалидско осигурување

18,8%

Придонес за здравствено осигурување

- Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување

7,5%

 

0,5%

Придонес за осигурување во случај на невработеност

1,2%

Најниска основица за пресметување и плаќање на придонесите

- 50% од просечна плата по работник во државата објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика

- просечната плата по работник во државата објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика за самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга

Највисока месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите

- шеснаесет просечни плати за примањата од работен однос

- дванаесет просечни плати за самовработено лице

Текст на закон

Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување

Други закони од областа на даноците

Закон за административни такси - пречистен текст

Закон за комуналните такси - пречистен текст

Закон за регистрирање на готовински плаќања - пречистен текст

Закон за даночна постапка - пречистен текст

Царински систем и политика

Правните основи на царинскиот систем и политика, во контекст на царинските постапки во нашата држава се усогласени со праксата во Европската унија, како и со правилата кои ги применува Светската трговска организација. Клучни закони со кои е дефиниран македонскиот царински систем се: Царинскиот закон, Законот за царинска тарифа, Закон за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, но и други прописи и спогодби кои ги има склучено нашата држава. Во продолжение следи релевантната законска регулатива од областа на царините, како и Водичот за царинење за 2020 година.

Царински закон - пречистен текст

Закон за царинска тарифа - пречистен текст

Закон за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост - пречистен текст

Водич за царинење 2020

 


Контакт лице: м-р Анета Димовска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244017
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: aneta.dimovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015