Во објектот Ѓорче Петров има слободи две ( 2 ) ексклузивни деловни простории со квадратура од 87 m² и 103 m², со можност за спојување од вкупно 190 m² . Објектот располага со сопствени подземни модерни паркиралишта за потребите на сопствениците на недвижности и клиентите.
Со атрактивната локација, високиот квалитет, сигурноста и функционалноста, овие деловни простории нудат идеални услови за развој на успешни бизниси и одлични можности за
водење дејности од различни области.
Модерниот станбено-деловен објект Ѓорче Петров се наоѓа на атрактивната локација во срцето на модерната општина Ѓорче Петров-Скопје, во близина на магистралниот пат Скопје- Кичево-Охрид, поштата, пазарот, црквата „Свети Петар и Павле“, трговскиот центар СП Планет, медицинската поликлиника Ѓорче Петров, полицијата, единицата за противпожарна заштита и паркот Ѓорче Петров со саат кулата, донација на Адора инженеринг.