Стопанската комора на Северна Македонија на 14 октомври 2022 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација (Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).
Цел на семинарот е учесниците на обуката:
• да ја разберат и да ја прифатат суштината на 5С методологијата;
• да знаат да ги препознаат потребите за имплементирање на 5С;
• да ги научат чекорите за имплементација и како да ги применат во пракса;
• да научат да вршат евалуација на имплементираната 5С методологија;
• да научат како да ги промовираат и да ги унапредат имплементираните 5С.
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.
Начин на работа:
Оваа еднодневна обука е организирана по принцип на тренинг обука, каде учесниците преку предавање и анализа на студии на случај ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења од примена на 5С методологијата.
ПРОГРАМА
- Поим, значења и суштина на 5С;
- Пристап кон 5С;
- Област на примена на 5С;
- Позитивно влијание на 5С;
- Корист од 5С;
- Започнување 5С проекти;
- Формирање проектни тимови;
- Имплементирање на 5С принципи;
- Преглед на состојба;
- Спроведување на секој од 5С принципите;
- Препреки при имплементирање на 5С;
- Добра пракса;
- Евалуација;
- Промоција и постојано унапредување на 5С.
Предавач:
- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 10.10.2022 година.