Форум 03.11.2022 - 17.11.2022 ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022

, Италија



Технологии и решенија за зелена, дигитална и отпорна економија

https://innovation-village-2022.b2match.io

03-17 ноември 2022 (со виртуелно присуство)

Стопанската Комора на Северна Македонија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи Ве поканува да земете учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022 кој ќе се одржи од 03 до 17 ноември. 

Фокусот на настанот ќе биде на одржливи и паметни технологии и решенија за постигнување на зелена и дигитална транзиција.

Виртуелниот брокерски настан @ Innovation Village 2022 е бесплатен и дава единствена можност да се запознаете со приватни компании (вклучувајќи старт-ап, спин-оф, мали и средни претпријатија и големи компании), како и јавни институции и општини, универзитети и истражувачки центри,  кои работат на нови технологии и решенија за постигнување на таканаречената „близнак“ (зелена и дигитална) транзиција кон економија со нула јаглерод, нула отпад. 

Главни теми на настанот и на компаниите учеснички:

  • Дигитална енергија, паметно градење и складирање енергија
  • Енергетска ефикасност и обновливи енергии
  • Интеграција на енергетските системи и одржливо користење на енергијата
  • Зелени водородни горивни ќелии
  • Зелена и урбана мобилност
  • Чиста технологија, еко-дизајн и ефикасно користење и управување со ресурсите во производните процеси, зелена хемија
  • Кружна економија и обновување, рециклирање и повторна употреба на отпадни материјали
  • Роботика и клучните дигитални технологии, вклучувајќи сајбер безбедност, cloud компјутери, AI, ML, IoT, простори за податоци и управување, блокчејн и квантно пресметување
  • Храна и агрoтехника
  • Одбранбени и безбедносни служби
  • Нови и напредни материјали

Регистрацијата на сите учесници се прави исклучиво на следниов линк: https://innovation-village-2022.b2match.io/signup

Програмата, учесниците, и дополнителните информации се достапни на следниот линк: https://innovation-village-2022.b2match.io/how-it-works, а од Комората може да ги контактирате следните лица:
 

Контакт лица:
Ирена Мојсовскa                                                            Влатко Стојановски
Тел: +389 2 3244 009                                                      Тел: +389 2 3244 004
Email: irena@mchamber.mk                                         Email: vlatko@mchamber.mk
 

 


 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Влатко Стојановски
++ 389 2 3244004

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ