Семинар 07.11.2022 - 07.04.2022 ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ



Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со САМЕРИМПЕКС Импулси www.impulsi.com.mk и ИНСАЈТ Груп www.insight.mk нуди специјализирана програма која е креирана според потребата на компаниите за привлекување, вовед и задржување на квалитетни вработени!
Ова е најисплатливата инвестиција која можете да ја направите оваа есен!
Повеќе информации за програмата и запознавање со тренерите можете да добиете со приклучување на Инфо сесијата на 13 октомври 2022 година (четврток) од 10:00-11:00h на https://us02web.zoom.us/j/86220974004?pwd=UmtiYlQrZXhRcStVWkM0TVhtc1ZwUT09 Meeting ID: 862 2097 4004, Passcode: 491436
Главната цел на програмата е стекнување конкретни вештини за ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ, применливи во секоја компанија, во секторите за управување со човечки ресурси, односно за целосен организациски развој. Стекнатите компетенции ќе можат да се применуваат за развој на вработените и во самата компанија со развој и примена на менторски програми од страна на обучените ментори. За првиот круг од програмата кој се реализираше 2021-22 год. и за одличните искуствата на учеснциите прочитајте на https://l2g.insight.mk/

НОВА ГРУПА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

Ве покануваме да ја искористите оваа уникатна можност за зајакнување на вашите интерни капацитети за Управување со човечки ресурси!  Голем број компании се соочуваат со недостиг на квалитетни вработени, ниска мотивација и потешкотии за задржување на вработените. Во програмата се опфатени клучни пристапи и конкретни решенија со кои компанијата ќе си обезбеди одржлив развој!
Програмата во времетраење од пет (5) месеци во периодот ноември 2022 - април 2023 и ќе се реализира преку четири (4), меѓусебно зависни и логички поврзани модули кои содржат теоретски и практичен дел:
Модул 1: Основи на менаџмент значајни за воведување нови вработени
Модул 2: Анализа на работно место и креирање опис на работно место
Модул 3: Менторство
Модул 4: Техники на воведување млади лица во работен процес

За почеток на групата потребни се минимум 20 учесници. Максимален број на учесници е 25.
Обуката е предвидена да започне на 7 ноември 2022 година за што ќе добиете и дополнителна агенда со следни датуми за реализација на истата.
Инвестицијата во програмата е 1.190 ЕУР по учесник (823 денари/час обука). ДДВ 18% не е вклучен во цената.

За компании членки на Стопанската комора на Северна Македонија одoбрен е попуст 10% за еден учесник, како и за компанија која ќе пријави двајца или повеќе учесници.
Обем на програмата: Вкупно 54 часа теоретска настава и 36 часа практична настава.
Предавањата ќе се реализираат комбинирано – онлајн и во просториите на Стопанската Комора на С.Македонија, според однапред договорена динамика. Со завршување на програмата секој учесник кој ги исполнува зададените критериуми за задолжително учество од 95% од планираните активности, комплетирано портфолио реализирани практични задачи и позитивни оцени од инструментите за оценување, се  стекнува со Сертификат за успешно завршена програма и стекнати вештини за Воведување и развој на вработени, кој е признат на државно ниво според програмата верификувана во Центарот за образование на возрасни.

СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА

МОДУЛ 1: Основи на менаџмент значајни за воведување нови вработени

Времетраење 3 часа - Значењето и карактеристиките на менаџментот:
- Дефиниција за менаџмент
- Предмет, задачи, функции и улога на менаџментот
- Што е разликата помеѓу менаџмент и лидерство
- Важноста на споделување влијанија на деловното опкружување, ефективните услови за работа  и ефективна активност на вработените
- Организациска култура и елементи Онлајн
Врметраење 3 часа -  Мотивација на вработените за постигнување успех во организацијата
- Мотивациони теории и иновативни идеи за мотивирање
- Потребни алатки за мотивација на вработени
- Фактори на мотивација за успех во работата
- Модели за одржување мотивирачка средина во организација
- Поддржувачка и мотивирачка организациска култура
- Раазлика помеѓу повратна информација и критика
- Структурирање на повратна информација Онлајн

МОДУЛ 2: Анализа на работно место и креирање опис на работно место

Времетраење 3 часа - Менаџмент на човечки ресурси
- Функцијата човечки ресурси и управување со нив
- Потреба од воведување и развој на вработени
- План за воведување и обука на вработени
(според студии на случај) Онлајн
Врметраење 3 часа - Карактеристики на работно место
- Анализа на работно место
- Креирање опис на работно место
- Креирање компетенциска спецификација Онлајн

МОДУЛ 3: Успешно менторство и успешен менторски процес

Времетраење: 3 часа - Улога и задачи на менторот и начин на соработка со менторираното лице

- Менторство, улога и задачи на енторот
- Начела и принципи во процесот на менторирање 
Времетраење 3 часа - Развој на менторска програма
- Елементи на менторска програма
- Развивање на индивидуализирана/групна менторска програма Онлајн
Врметраење 6 часа - Вештини за менторирање
- Професионални компетенции
- OSCAR модел
- Следење, давање повратна информација
- Одржување активна и хармонична релација
- Анализа на ризици во процесот на менторирање Училница
Врметраење 6 часа - Утврдување потреба од обука
- Развивање прашалник
- Реализација на интервју
- Анализа на материјалот  Училница
Времетраење 2 пати по 3 часа -  Развој на програми за развој на потребни вештини кај поединци или тимови
- Развој на индивидуална програма за развој
- Развој на програма за тимови
- Иновативни алатки или услуги кои го поддржуваат процесот на развој
- Водење соодветна евиденција за развој на вработени - портфолио Онлајн
Времетраење 2 пати по 3 часа - Мониторинг и евалуација на процес на менторство – формулари
- Креирање инструменти за следење и евалуација на постигањата на секое менторирано лице
- Проценка на ниво на поседувани компетенции на менторирано лице
- Идентификување силни и слаби страни на менторираното лице
- Мапирање искуства и работни вредности на менторираното лице
- Анализирање вештини за извршување одредени работни задачи
- Проценка на подготвеност на менторираното лице за вклучување во процес на работа
- Анализирање потреба од дополнителна обука
- Водење соодветна евиденција / портфолио за менторираното лице Онлајн

 

МОДУЛ 4: Техники на воведување млади лица во работен процес

Времетраење 2 пати по 4 часа - Вовед на нововработен во работна организација
- Воведен состанок и влезно интервју
- Објаснување на визијата, мисијата, вредностите, целите и политиките на организацијата
- Претставување на работната средина, функционирањето на организацијата, организациската структура
- Претставување на каналите на комуникација внатре во организацијата Онлајн
Времетраење 2 пати по 4 часа - Вовед на вработени во конкретна работна средина
- Претставување на специфичното работно опкружување
- Стандарди, процедури и правила на работа, работни обврски и одговорности
- Презентирање на  работните задачи на нововработениот
- Вклучување на вработениот преку коучинг модел на поставување на прашања
- Проценка каде да користи менторски, а каде коучинг пристап
- Давање поттик на вработениот активно да се вклучи во процесот на преземање на одговорностите на работното место Онлајн

Вкупно 54 часа теоретска настава и 36 часа практична настава.

ЗА СТРУЧНИОТ ТИМ ВО ПРОГРАМАТА

Над дванаесет години тренерската екипа создава квалитни обучувачи и ментори преку свои, авторски програми и меѓународни сертифицирани метогологии, во над четириесет компании во Македонија и другите земји во регионот. Во продолжение ви го претставуваме нашиот стручен тим.
 

Биљана Велевска - сертифициран обучувач, консултант за организациски развој и човечки ресурси
Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси (www.impulsi.com.mk) од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, како во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така и во странство. Има над 15 години искуство со проекти во компании, особено во полето на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што е планирање на човечки ресурси, планирање на анализа на работни места, регрутирање и селекција, мотивација, утврдување потреба од обука и развој, развој на наставни планови и програми, испорака на обуки, развој и спроведување на системи за управување со учинок, системи за наградување, кариерен развој.
Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за Мастер обучувач на фасилитатори за Genos Emotional Inteligence, DISCFlow, Core Strengths (SDI). Сертифициран меѓународен обучувач на фасилитатори за кариерен развој (Global Career Development Facilitator), Key Performance Indicatiors практичар, Неуролингвистички практичар (NLP Practitioner) и Бизнис коуч. Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни.


- Наташа Ивановска, сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за човечки ресурси и маркетинг
Повеќе од дваесет години искуство на менаџерски позиции во компании специјализирани за човечки ресурси и развој на кадар, маркетинг и односи со јавност. Во 2011 ја основа ИНСАЈТ Груп, компанија за личен и организациски развој www.insight.mk. Формално образование на Технолошкиот факултет во Скопје и постдипломски студии на Sheffield University - City College of Thessaloniki. Работни посети на Arizona State University (ASU) во Феникс, САД и деловни посети на компании и организации во Лос Анџелес и Лас Вегас. Од 2012, Ивановска има престижна специјализација за коучинг на програмата "Art and Science of Coaching" (TASC) при Ericson Coaching College од Торонто, Канада, која поседува „Златен Стандард“ при Меѓународната коучинг федерација (ICF). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни.
Наташа има големо искуство во организациски развој на компании преку развој на вработените, воспоставување процеси и системи за работа со човечкиот капитал за постигнување на бизнис целите и овозможување одржлив развој. Други поважни квалификации се сертификација за Мастер обучувач и фасилитатор на Core Strengths (SDI), DISC  Flow консултант, Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој (Global Career Development Facilitator GCDF), Сертифициран KPI International Practitioner, Сертификат за Бизнис Коучинг на Нобл Менхентен Коучинг од Англија.

 
- Марија Коваческа, професор, Кариерен советник, Обучувач за возрасни
Повеќе од 20 години професионално искуство во областа на образованието како наставник, ментор и тренер за возрасни. Од 2019 година е сертифициран International VET teacher преку SFIVET  (The Swiss Federal Institute for Vocational Education and Training).
Импресивно искуство во креирање програми, материјали и алатки за обука, насочени кон планирање и спроведување на активна методологија, градење преносливи вештини, поврзување на СОО со пазарот на трудот, градење капацитети на организации, советување за кариера итн.
Како меѓународно сертифициран советник за развој на кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator), oд 2012 год. активно спроведува советување за кариера, професионална ориентација и градење вештини за вработување за  ученици, млади невработени и ранливи категории граѓани. Во нејзиниот разновиден опсег се и искуствата како бизнис ментор на мали претпријатија со користење на современи алатки и техники за развој и унапредување на организациите и градење ефективни работни односи во нив. Сертифициран обучувач и фасилитатор за Strengths Deployment Inventory (SDI).
Клучна цел во нејзината посветена работа е да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување, како и да придонесе за зголемување на економскиот и деловниот развој. Сопствените професионални капацитети ги гради преку континурани обуки во земјата и странство (Швајцарија, Англија, Ирска, Шпанија, Хрватска, Полска). Со својот позитивен пристап, одговорност и посветеност, воспоставува односи на почитувани со сите свои клиенти и соработници. Ориентирана кон обезбедување поддршка и помош, како волонтер на Црвениот крст, таа реализира активности за градење лидерство и меки вештини меѓу младите.

 
- Иван Христов, дипломиран психолог, гешталт психотерапевт. Иван е професионалец со долгогодишно искуство работејќи на домашни и странски проекти во областа на образованието и човечките ресурси. Во моментов е активен на неколку проекти поврзани со човечките ресурси за регрутација и селекција, проценка на вработени, изработка на описи на работни места, обуки и фасилитирани работилници. Силно ориентиран кон развојот на вработените и нивното задоволство од работата, кое води кон развој на компаниите. Иван е сертифициран Genos International Emotional Intelligence Practitioner.
Верува дека со свесност за можностите за развој и преземање одговорност, промените кај компаниите и вработените се возможни. Во програмата LEAR2GHROW 2021-22 беше вклучен во делот на административна поддршка, координација, комуникација со компаниите и поддршка во реализацијата на проектните активности.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 28 октомври 2022 година.

 

 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА