Семинар 26.10.2022 МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА

Онлајн семинар



Цел и придобивки:
Бенефиции за вас и вашата организација:
•    Фирмата не може на долг рок да оствари максимизација на својата вредност,
     доколку не опстане на краток рок. 
•    Отука, произлегува дека успешниот менаџмент со обртниот (работниот) капитал
     е предуслов за опстанок на фирмата. 
•    Повеќе од 60% на работното време на финансискиот менаџер е посветен
      на менаџментот на обртниот капитал. 
•    Рационалното  користење на обртни средства се однесува на остварување
     на максимален резултат со минимално ангажирани обртни средства. 
•    Оптималната комбинација на обемот и структурата на обртните средства е онаа,
     која го максимизира финансискиот резултат т.е. нето добивката на претпријатието. 
•    Овој онлајн семинар објаснува напредни техники за менаџмент
      на обртните средства, со практични примери од бизнисот. 
•    Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.
Клучни карактеристики на онлајн семинар:
•    работа на практични примери (финансии, продажба, трошоци);
•    фокусиран, интензивен тренинг во еден ден;
•    користење на Excel.
Содржина:
На тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот:
•    Менаџмент со обртен капитал 
•    Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија 
•    Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност
•     Кредитен менаџмент и управување со побарувањата
•    Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата 
•    Менаџмент на залихи
•    Стратегии за финансирање на обртните средства 
•    Извори на краткорочно финансирање - спонтано финансирање,
     трговски кредит, договорно финансирање и факторинг
•    Финансирање на обртни средства со краткорочен и долгорочен финансиски микс
•    Хеџинг стратегија
•    Конзервативен приод
•    Агресивна стратегија за финансирање на обртни средства
•    Техники за менаџмент на ликвидноста
•    Мерење на ликвидноста
•    Техники за менаџмент на ликвидноста


За кого е наменет:
За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа со финансиите. 
Важна напомена: учесниците да имаат лап-топ компјутери со инсталиран Excel 

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 24.10.2022 година.


 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ