Цел и придобивки:
Бенефиции за вас и вашата организација:
•На компаниите им требаат извештаи од кои јасно се гледаат резултатите од работењето. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи?
•Тоа е можно со користење на напреден Excel. Сепак, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.
•Овој тренинг објаснува напредни техники за анализа на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!
•Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.
Клучни карактеристики на онлајн семинарот:
•работа на практични примери (продажба);
•фокусиран, интензивен тренинг во еден ден;
•напредни техники во Excel.
Содржина:
На онлајн семинарот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажбата. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот:
•Јас сум аналитичар на продажба или одговорен за продажбата на фирмата:
-Како да создадам во Ексел табели и графикони со преглед на продажбата компанијата?
-Како да добијам преглед на продажбата по продавачи/продавници во 1 минута?
-Како да добијам прегледи на продажбата по региони, месеци, квартали?
-Како да добијам преглед на најголеми купувачи во 1 минута?
-Како да добијам преглед на наплатата?
-Како да извлечам трендови на продажбата?
-Како да ги форматирам показателите?
-Како да создадам сеопфатен “жив извештај“ со сите симулации?
-Како да направам анализа на профитабилноста?
-Анализа на стапките на раст?
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Создавање на графикони и worksheet-ови;
• Pivot tables and Dashboards;
• Форматирање на графикони;
• Користење на Slicers;
• Функции (vlookup);
• What if анализа (data table, goal seek, scenarios, formula auditing);
• Custom formatting;
• Shortcuts (кратенки);
• Charts (графикони);
• Tips & tricks (трикови).
Краен резултат:
Целосен извештај за продажбата на компанијата (Dashboards)
За кого е наменет:
За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel, како и за сите оние кои сакаат поефикасно да ги извршуваат своите задачи.
Важна напомена: учесниците да имаат лап-топ компјутери со инсталиран Excel (по можност 2013)
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 17.10.2022 година.