Саем 14.10.2022 - 18.10.2022 УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција

Атина, Грција



Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Грција, Ве покануваат да земете учество во претстојната купувачка мисија во рамки на посетата на саемот за градежништво “Build Expo Greece”, што ќе се одржи во периодот од 14 до 16 октомври во Атина.

“Build Expo Greece претставува идеална можност за средба на сите професионалци од градежниот сектор во Југоисточна Европа и регионот на Источен Медитеран.  Саемската манифестација се организира со цел повторно да се покрене динамиката во градежниот сектор преку деловни вмрежувања и билатерални средби меѓу изложувачите и учесниците во купувачките мисии од целиот регион.

Овој концепт претставува одлична можност за генерирање на нови деловни соработки преку вмрежување со истакнати меѓународни компании од градежниот сектор, зголемувајќи ја продуктивностa, поврзувајќи ги пазарите во регионот и пошироко, и поттикнувајќи го развојот на целата индустрија.

Купувачката мисија е наменета за сите домашни компании од градежниот сектор, заинтересирани за остварување соработка со производители на градежни материјали и изведувачи на градежни работи. 

За учесниците во купувачката мисија обезбедени се следните поволности:

  • Покриени трошоци за сместување (2 ноќевања / 3 дена престој) во хотел со 4 ѕвезди;
  • Организирани билатерлани (Б2Б) средби со компании излагачи од Вашиот сектор; 
  • Повластени влезници на саемот;
  • Постојан пристап до приватен простор за релаксација со бар, сали за состаноци и деловен центар со бесплатна интернет конекција;
  • Бесплатен превоз со автобус од Вашиот хотел до саемот и назад.

За користење на оваа можност, неопходно е да ги пополните пријавниот лист и апликацијата во прилог и да ги доставите до лицето за контакт најдоцна до 30 септември  2022 година (петок), по што дополнително ќе бидете информирани дали апликацијата за учество е прифатена од страна на организаторот.

Напомена: Ве молиме задолжително изберете една од трите понудени опции за учество (А, Б или Ц) наведени во програмата во прилог.

За подетални информации во врска Вашето учеството, Ве молиме контактирајте со лицето за контакт: м-р Сања Николова, тел:+ 389 32 44 091, моб: 071/230-452, е-адреса: sanja@mchamber.mk.  

Во прилог:
- Програма за учество;

- Пријавен лист;

- Апликација за учество;

- Општи информации за саемот.

 

 

 

 

Build Expo Greece 2022_English Brochure.pdf
Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ